Тешко повредено 11-годишно дете додека возело велосипед


Единаесет годишно дете кое управало велосипед, е тешко повредено откако во него удрило возило, соопшти МВР.

Несреќата се случила синоќа во 21 часот на улицата „Петре Георгиев“, а со возилото „рено канго“ со скопски регистерски таблички управувал О.Р. (31) од Скопје.

По незгодата детето со итна медицинска помош е пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, но поради сериозноста на повредите е препратено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Екипа од Секторот за внатрешни работи – Скопје изврши увид. Се работи на целосно расчистување на случајот.