Сузана Турунџиева се враќа на ТВ со забавна емисија
Сузана Турунџиева (49) по една ипол годишна пауза пауза повторно се враќа пред ТВ екраните со забавно – контактна емисија ,,Недела во три” која започна со емитување од вчера.
-Станува збор за емисија која ќе биде опуштена и забавна. Ќе отвараме теми за кои малку зборуваме, а многу озборуваме. Се чувствувам одлично, особено поради фактот што емисијата ќе се емитува во живо, и ќе можеме да ги вклучиме и гледачите, вели Турунџиева која е бренд амбасадор на „Божиновски“.
Животот ѝ приреди многу непријатни изненадувања. Ѝ донесе многубројни неправди, ѝ одзеде предвреме многу драги луѓе. Како автор на 10 книги, го стави сопствениот живот на тацна. И после 31 година живот во Скопје, сѐ уште се чувствува како битолчанка.
Вели, секое утро кога се буди е благодарна што добива уште еден цел ден на подарок, задоволна и преблагодарна што е мајка на две здрави прави деца – Лора (18) и Матеа (9) и што сѐ уште има бистар ум. (Л.С.)
Фото: Б. Грданоски