Стрмоголав пад на цените на нафтата
Цените на нафтата на светските пазари минатата недела нагло паднаа поради стравувањата на инвеститорите дека трговската војна меѓу Соединетите Американски Држави и Кина би можела да ескалира, што би значело стагнација на растот на глобалната економија, а што на крајот би влијаело на побарувачката на нафта.
Минатата недела на лондонската берза цените за барел паднаа за 2,8 проценти, на 67,1 долари, додека на американските берзи цените паднаа за 4,2 отсто, на 62,05 долари, според SEEbiz.
Стравувањата од трговска војна меѓу САД и Кина постојат повеќе од еден месец, откако американскиот претседател Доналд Трамп првпат најави воведување давачки за увоз на челик и алуминиум од Кина.