Светска банка ќе го презентира извештајот за земјите од Западен Балкан


Светска банка денеска ќе го презентира 13-то издание од серијата извештаи за состојбата на економиите во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија.

Во Скопје, како што информираат од Светска банка, извештајот ќе го претстават Галина Андронова Винчелете, менаџер на секторот за макроекономија и фискално управување во Светска банка, Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на Светска банка во Скопје и Бојан Шимбов, економист од Канцеларијата на Светска банка во Скопје.