Расте црнечкиот екстремизам во САД, утврди ФБИ


 

ВАШИНГТОН – Федералното истражно биро на САД (ФБИ) подготви извештај во кој се наведува дека има пораст на црнечкиот “екстремизам” во земјата , особено по неколку инциденти во кои полицијата уби преставници на оваа расна група во САД.

Според АП,  овој извештајот ги зголемува  стравувањата дека може да дојде до повторување на практиката што се користела за време на движењата за граѓански права кога ФБИ ги  шпионирала групите активисти без доказ дека го прекршиле законот.