Пронајдени три дневника на Џон Ленон
Германската полиција пронајде стотина украдени предмети од наследството на Џон Ленон, меѓу кои три дневника, два чифта метални очила, табакери и нотни записи.
Портпаролот на полицијата во Берлин, Винфрид Венцел денеска изјави дека наоѓањето на овие предмети има големо значење за музичкиот свет, како и за сопругата на Ленон, Јоко Оно.
Предметите беа украдени од домот на Оно во Њујорк во 2006 година.
Германските власти беа запознати со случајот откако ги контактираше стечајниот управник на една берлинска аукциска куќа во јули, кога полицијата ги заплени украдените предмети.
Полицијата вчера го уапси осомничениот кај кого беа пронајдени и останатите предмети.
Има уште еден осомничен кој живее во Турција и моментално не и е достапен на германската полиција.