Пријанка Чопра е првата Индијка на насловната на „Вог“
САД– Боливудската актерка со холивудска кариера Пријанка Чопра (35), ѕвезда на ТВ-серијата „Квантико“ и мис на светот за 2000 година ја краси насловницата на јануарското издание на американскиот „Вог“. Со ова, Чопра ќе биде првата Индијка која ја краси насловната на култниот моден магазин во неговата 126 годишна историја. Златната тоалета, во стилот на божица, ја потпишува Том Форд.
Чопра е актуелна со свадбата во Индија за боливудските гости со нејзиниот избраник- поп-пејачот Ник Џонас. Претходно, двојката се венчаше во Италија, на езерото Комо, во присуство само на семејството.
Фотосесијата за „Вог“ ја потпишува славната Ени Либовиц, а едиторијалот е проследен со интервју за љубовната приказна на Пријанка Чопра насловена Кога Прајанка го сретна Ник (Џонас).