Првобвинетиот Бесим Беља даде исказ за убиството на Никола Саздовски
Обвинетиот Бесим Беља, во исказ пред судот на рочиштето за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски, рече дека на 29 јуни минатата година на автобуската постојка кај „Алкалоид“ меѓу двајцата најпрво имало вербална расправија, по што дошло и до физичка пресметка.
Во исказот пред судот, Беља кажа дека 29 јуни минатата година околу 15.30 часот се упатил кон неговите другари од маалото Скендер Демири и Јетон Љужа и ги викнал да излезат некаде да седнат на кафе, а претходно го зел возилото „мерцедес“ сопственост на неговиот вујко.
Додека се возеле, нагласи Бења, по булеварот Алескандар Македонски му се причинило дека ја видел неговата братучетка позади автобуската постројка во Автокоманда во близина на Алкалоид каде што застанува бројот два, по што го запрел возилото и се вратил накај автобуската за да види дали е братучетка му таму. Во тој ммент во возилото седел на задното седиште седел Скендер, а Јетон на совозачкото и тој излегол надвор за да пуши цигара.
– Кога се приближил на пет до десет метри до автобуската видел дека таму не е братучетка му и кога тргнал да си оди сега починатиот Никола Саздовски лошо го погледнал, а Бесир го прашал зошто лошо го гледа на што Саздовски почнал да го пцуе, а и тој му вратил со иста мера. Во еден момент дошло и до физичка пресметка меѓу двајцата во која, како што рече, Беља тој два до три пати го удирл Саздо во пределот на градниот кош од левата страна, а Саздо му вратил двапати при што еднаш го удрил во десната слабина, а еднаш во десното рамо.
Кога неговите другари виделе дека настанала препирка меѓу нив тргнале да ги раздвојат, а тогаш почнала да се собира и маса на луѓе кои почнале да ги пцујат нив тројца по што тие се упатиле кон возилото и го напуштиле местото на случувањата. Во моментот кога си оделе, како што рече, Никола бил паднат на земја.
На почетокот на својот исказ Беља, кажа дека првично бил обвинет за кривично дело насилство и оти му било понудено од Обвинителството да се спогоди за казната.
Судот по паузата треба да почне со испрашување на второобвинетиот Скендер Демири, а третообвинетиот Јетон Љужа е во бегство и по него е распишана потерница.
Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.
Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.