Пилотско селфи со Меланија
САД- Американската прва дама Меланија Трамп синоќа ја посети воздухопловната воена база во Хемптон, Вирџинија, каде се дружеше со пилотите и персоналот и децата. За таа прилика влезе во историјата како единствената прва дама која леташе во воениот авион Оспри.
Таа подоцна напиша на Твитер за неверојатниот лет кој го имала како и дека времето поминато со пилотите било одлично.
Меланија го разгледуваше и борбениот авион F-22 Raptor и исто така им се обрати на присутните воздухопловци, од кои повеќето биле вратени од своите мисии.
Таа се дружела и разговарала со децата, а она што беше впечатливо е тоа дека позирала со пилотите кои правеле селфи со неа.