Од „Симпо“ до раскрсницата со „8.септември“ ќе се вози по посебен режим


Градот Скопје ги известува граѓаните дека од денеска, па се до 24 овој месец, ќе се изведуваат градежни активности за завршно асфалтирање на булеварот „Партизански одреди“ и тоа од улицата „Франклин Рузвелт“ до раскрсницата со булевар „8.Септември“.

Поради тоа, на тој дел од булеварот „Партизански одреди“ ќе се воведе привремен сообраќаен режим.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воведениот сообраќаен режим и поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.