Нов „непријател број еден“, САД нудат милион долари


САД нудат милион долари за информација за Хамза бин Ладен, синот на убиениот водач на Ал Каеда, Осама бин ладен.
BBC пренесува наводи на неименувани американски официјални лица дека Хамза бин Ладен станува нов водач на оваа екстремистичка исламска организација. Се верува дека тој се наоѓа на подрачјето во близина на авганистанско-пакистанската граница.
Се наведува дека тој последните години, објавувал видео и аудио пораки во кои ги повикувал следбениците на напади во САД и западните сојузници во знак на одмазда за убиството на неговиот татко.
Се потсетува дека припадниците на специјалните сили на САД во 2011 година го убија Осама бил Ладен, кој ги одобри нападите во САД изведени на 11 септември 2001 година, во кои се убиени речиси 3.000 луѓе.
Се верува дека Хамза бин Ладен има околу 30 години, а пред две години властите на САД го ставија на листата глобални терористи.
Според информации од Стејт департментот, тој се ожени со ќерката на Мохамед Ата, исламист кој киднапира еден авион користен во нападите 2001 година и со него удри во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк.
BBC наведува дека писмата запленети од засолништето на Осама бин Ладен укажуваат на тоа дека Хамза, за кој се верува дека бил негов омилен син, се подготвува да го наследи на чело на Ал Каеда.
Наводно, се верува дека Хамза бин Ладен поминал неколку години со мајка му во Иран, каде наводно имало и свадба, додека според другите информации живеел во Пакистан, Авганистан или Сирија.
„Ние веруваме дека тој веројатно на авганистанско-пакистанската граница и дека ќе премине во Иран. Но, би можело да биде и каде и да е… во јужна и централна Азија“, рече заменикот-државен секретар на САД за дипломатска безбедност.