Нема да се учи по „Кембриџ“


Учениците нема да учат по „Кембриџ“ програмата, одлучи Владата на вчерашната седница. Донесена е и одлука за воведување на италијански јазик во основно и средно образование како можност за втор странски јазик.

„Од областа на образованието, министрите ја разгледаа и ја усвоија информацијата за одложена имплементација на наставните планови и програми за прва година на гимназиското образование, средното стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование од учебната 2019-2020 година, односно на програмата КЕМБРИЏ“, стои во владиното соопштение.