Нападнат и претепан Бранко Синадиновски
Основачот на верската заедница на православните Албанци во Македонија Бранко Синадиновски вчера бил нападнат од две непознати лица во Скопје. Случајот е пријавен во полиција, која го истражува мотивот.
Синадиновски физички бил нападнат во близина на неговиот стан во населба Аеродром.
Синадиновски стана познат во јавноста по декларирањето на неговото етничко потекло и поддршката за основање на Верска заедница на православните Албанци во Македонија.