Надал се повлече од Мастерсот во Лондон
Рафаел Надал се повлече од завршниот Мастерс во Лондон. Шпанскиот тенисер ја донесе одлуката по поразот од Давид Гофан 6:7, 7:6, 4:6 и ја образложи со повреда на коленото.
„Не сум подготвен да играм. Доста се борев знаејќи дека ова беше последен мој меч во сезоната“, рече Надал по поразот во воведниот настап во „О2 арена“.
И покрај проблемите со коленото, Шпанецот истакна дека, сепак, одлучил да излезе на терен против Гофан понесен од силната желба да се обиде.
„Многупати во кариерата сум го пропуштил овој настан“, заклучи моментно водечкиот на АТП ранг листата.
На негово место во групата А ќе продолжи сонародникот Пабло Карено Буста.