Награди „Кенеди“: Глорија Естефан, Лајонел Ричи и Ел Ел Кул Џеј меѓу лауреатите


САД- Кенеди центарот вчера на свечена церемонија во Вашингтон им оддаде чест на политичкиот активист Норман Лир, раперот и глумец Ел Ел Кул Џеј, танчарката и кореографка Кармен де Лавалад и на музичарите Лајонел Ричи и Глорија Естефан. Американскиот претседател Трамп изјави дека тој и првата дама нема да присуствуваат. Годинешните добитници беа почестени и во саботата на гала-вечера во Стејт департментот.
Претседателот обично седи на истото место како и почесните и останатите гости. Повеќето американски претседатели присуствуваа на оваа церемонија и во минатото, но не е преседан и да не се појави претседателот. Претседателите Џими Картер и Бил Клинтон ги пропуштиле церемониите за време на нивните мандати, но во сите случаи присуствувале првите дами.