Моника Левински 20 години по аферата: Сега знам дека не сум сама во борбата
САД-Моника Левински напиша есеј во модниот магазин „Венити фер“ на тема # MeToo и како целата кампања каде жените проговориле за разните облици на вознемирување, ја променило нејзината перспектива.
Кога 1998 година, во јавноста излезе аферата со тогашниот претседател на САД Бил Клинтон, беа тоа, без сомнеж, најмрачните денови во нејзиниот живот. Денес, 20 години, подоцна, Моника е посилна и поуспешна.По аферата, во Калифорнија, дизајнирала чанта и промовирала препарати за слабеење, а во 2005 години се отселила во Англија каде завршила психологија. Денес е активистка и предава на факултет и повеќе не сака да биде жртва.
Моника (44) признала дека патела од посттрауматски стрес, а се мисли и дека во тек на истрагата се случила и злоупотреба на власта.Дури и и главниот обвинител на истрагата, ја преминал границата на добриот вкус за време на нивната средба на божикната вечера.
-Ми ја допираше раката. Ми беше многу непријатно, признала Левински.
Откако излезе приказната за холивудскиот продуцент Харви Вајнстин против кого се покренати над 80 обвиненија за сексуално вознемирување, почнала да добива пораки за поддршка.
-Ми стана полесно. Знаев дека не сум сама во оваа борба., изјавила Моника.
Додека сопругата и јавноста му простија на Клинтон, таа морала многу години да се носи со последиците.Таа авантура и ја обележи кариерата бидејќи по тоа никој не сакал да ја вработи.