Мис на Македонија Емилија Розман дипломата ја посвети на татко и


Манекенката и ексмис на Македонија Емилија Розман дипломираше на Филозофскиот Факултет во Скопје. Емилија стана дипломиран дефектолог на Институтот за дефектологија, односно специјална едукација и рехабилитација при факултетот на УКИМ.

По тој повод, убавицата објави фотографија од свечениот момент и напиша емотивна порака, која ја посвети на нејзиниот прерано починат татко.

“За тебе тато. Дипломиран дефектолог на Институтот за дефектологија односно специјална едукација и рехабилитација при Филозофски Факултет. Се надевам дека гледаш од некаде и се смееш. Те сакам“, стои како коментар на фотографијата, објавена на социјалните мрежи.