Мексиканка е мис на светот за 2018


Кина– Мексиканската волонтерка Ванеса де Леон (26) е Мис на светот за  2018 , на изборот што се одржа во Санија, Кина. Ванеса победи во конкуренција од 117 учеснички од целиот свет.Прва придружничка е мис Тајланд, а втора-мис Уганда. Меѓу првите пет се најдоа и мис Јамајка и мис на Белорусија.

„Не ми се верува, навистина не ми се верува… сметам дека сите девојки го заслужија ова. Горда сум што ќе ги застапувам. Ќе направам најмногу што можам во периодот што е пред мене. Многу ви благодарам на сите“, рече Ванеса откако беше прогласена за Мис свет 2018.

Ванеса има дипломирано меѓународен бизнис и е првата Мексиканка која ја освоила оваа престижна титула. За најубава жена од Европа е прогласена претставничката на Белорусија, Мис Африка е претставничката на Уганда, а Мис Азија и Океанија е од Тајланд.

Македонија немаше своја претставничка, како и изминативе две години. Последна, и се уште актуелна Мис на Македонија е Емилија Розман, наша позната манекенка, дипломиран дефектолог и волонтер во Црвениот крст.