(ВИДЕО)Манчестер Ј. ја наполни мрежата на Њукасл, кам-бек на Ибрахимовиќ и Погба
Манчестер јунајтед ја запиша осмата победа во Премиерлигата во оваа сезона, но трите освоени бода против Њукасл (4:1) паднаа во сенка на враќањето на две големи ѕвезди во составот на Жозе Мурињо.
Златан Ибрахимовиќ и Пол Погба беа поздравени со овации на „Олд трафорд“ по долгото отсуство од тимот. Французинот се најде и во стартната постава на „црвените ѓаволи“ и враќањето на терен успеа да го прослави со гол во мрежата на Елиот, Швеѓанецот, пак, во игра влезе во 77 минута и малку недостасуваше и тој да погоди.
https://www.youtube.com/watch?v=vRbHgtbiGfk
Покрај Погба во 54 минута, за Манчестер Ј. реализираа уште Марсијал во 37., Смолинг во завршницата на првото полувреме и Лукаку во 70. Почесниот за гостите од „Сент Џејмс Парк“ беше дело на Гејл во 14 минута.
Победи славеа и останатите фаворити во Премиерлигата. Челзи го декласира ВБА со 4:0, Манчестер сити го совлада Лестер со 2:0, Ливерпул го доби дуелот со Саутемптон со 3:0. Во дербито на колото Арсенал подобар од Тотенхем со 2:0.
Премиерлига, 12 коло
Манчестер јунајтед – Њукасл 4:1, ВБА – Челзи 0:4, Ливерпул – Саутемптон 3:0, Лестер – Манчестер сити 0:2, Кристал палас – Евертон 2:2, Борнмут – Хадерсфилд 4:0, Барнли – Свонси 2:0, Арсенал – Тотенхем 2:0.
Недела
Вотфорд – Вест Хем (17 ч.)
Понеделник
Брајтон – Стоук (21 ч.)