Лопез како Мерилин Монро: 2018 беше моја година
САД- Поп-ѕвездата и актерка Џенифер Лопез (49) за гостувањето во ток-шоуто на Џими Фалон, избра кратка тоалета од тул со необично деколте, слична на легендарниот фустан на секс-симболот Мерилин Монро од култниот филм „Седум години верност“.
Креацијата ја потпишува досега непознатиот либански дизајнер Саид Кобеиси, кој прави пробив во Холивуд, по славните либански дизајнери Ели Сааб и Зухаир Мурад.
Ова беше година на Лопез: награди, нов филм, успешна турнеја и албум „Динеро“, складен семеен живот со спортистот Алекс Родригез, мајка на две деца Ема и Макс од бракот со Марк Ентони. Родригез од претходниот брак, има исто така две ќерки.