Кривична пријава за скопјанец за компјутерска измама


Кривична пријава против 28-годишен скопјанец е поднесена поради основано сомнение дека сторил кривично дело „компјутерска измама“.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека на 8 овој месец со судска наредба извршен е претрес во неговиот дом при што е пронајдена активна SIMBOX телекомуникациска опрема која што е одземена.

Скопјанецот С.Н. ја набавил опремата и вршел нелегална терминација на телефонски сообраќај со што се стекнал со противправна имотна корист од 1.343.401 денари во периодот од 3 август до 9 ноември.