Кинез се повредил при работа на патот Кичево – Охрид


Кинески државјанин В.Ј.М. (43) се повредил за време на работа на патот Охрид- Кичево. Тој работел во близина на селото Врбјани во тунел во изградба.

Несреќата се случила кога В.Ј.М. паднал од скеле и се здобил со повреди кои му биле констатирани во Медицински центар Кичево. Се работи на расчистување на случајот.