Кајмакоски ужива во улогата на татко


Поп-ѕвездата Даниел Кајмакоски, кој стана познат по победата на музичкото шоу “Х фактор“ не го крие приватниот живот далеку од очите на јавноста. Напротив, со сопругата Христина постојано ги промовираат семејните вредности, особено кога во февруари го добија синот Давид. Ѕвездата ужива во улогата на татко, а доказ за тоа се прекрасните семејни фотографии што ги објавува на социјалните мрежи.

Даниел не заборава и на неопходната доза романтика во бракот, па неретко упатува јавни изјави на љубов до неговата сопруга Христина: „Ти благодарам што постоиш“, „Дома е таму каде што си ти“ и „Не постои жена која би можела да го заземе твоето место“ се само дел од нив.