Катимерини: На масата е уште едно име поврзано со Крушево и илинденскиот период


Грчкиот весник Катимерини , повикувајќи се на добро информирани извори, пишува дека на преговарачка маса, освен четирите предлози на медијаторот Метју Нимиц се наоѓа уште едно име, кое се уште не е објавено во јавноста, а се поврзува со Крушево и илинденскиот период.

Грчкиот весник вели дека новото име ќе го рефлектира словенското потекло на земјата, отфрлајќи поврзаност со антиката.

Според „Катимерини“ македонската страна ги одбила предлозите Горна Македонија и Нова Македонија како „ерга омнес“.

Катимерини смета дека во секој случај двете страни се во дипломатски спринт, што се очекува да биде засилен во пресрет на самитот на Европскиот совет на 28 јуни.