Калиопи за српските медиуми прозборе за разводите и за синот Пако
Поп-ѕвездата Калиопи Букле, пред концертот во “Коларац“ во Белград, в сабота, за српските медиуми прозборе за приватниот живот кој го крие од македонските медиуми.Таа раскажувала како ги поднела разводите од композиторот Ромео Грил и актерот Васил Зафирчев, но и како се борела со тагите во својот живот, какви мажи и се додворуваат. Зборуваше и за синот Пако.
Иако е одамна разведена од Ромео, се уште се дружат и често соработуваат:
-Паметни луѓе сме и имавме квалитетен однос. Ромео и јас се разделивме а веќе наредната година отидовме во студио и направивме албум. Некому е тоа чудно, но не и нам. Ромео е моето главно рамо за плачење, и ден денес. Она што тој мора да го издржи е приказна за себе, вели Калиопи.
-Понекогаш не е паметно да се каже вистината на погрешно место. Не се каам за ништо што сум направила бидејќи тоа е дел од мојата приказна. Не е убаво кога во животот е се’ изгланцано, мора да има и малку прашина, рече Букле истакнувајќи дека ниту вториот развод не го сфатила трагично.
-Мојот спас и среќа е тоа што животот ми го чинат музиката, творештвото, патувањата и креативноста…За среќа има луѓе кои се уште мечтаат со моите песни и мене ми е тоа најбитно.
Суштината на нејзиниот живот е синот Пако, кој со татко му Ромео Грил живее во Швајцарија. Има 26 години и работи во студиото на татко му.
-Најемотивен момент во мојот живот беше неговото раѓање. Тој живее во Швајцарија и не сака да зборувам за него. Мене и на Ромео постојано ни вели „Немојте да зборувате за мене, заборавете ме во изјавите“ така што морам да ги испочитувам неговите желби, изјавила Калиопи за српските медиуми.