Играјте фудбал и направете го светот подобар


Во периодот од 11 до 25 октомври годинава, глобалното движење на FARE мрежата #FootballPeople беше активно насекаде низ светот. Во овие денови, целта беше да се предизвикаат сите форми на дискриминација, да се промовираат спортските вредности и да се истакне фактот дека фудбалот е игра за сите, без разлика кои сме, од каде сме и какви верувања имаме. Целта на ова движење е да се подигне свеста и да се спречи дискриминацијата, да се создаде социјална промена низ фудбалот како унифицирана акција и да се испробаат практично нови идеи кои ја предизвикаат на исклученоста.

Волонтерскиот Центар Скопје оваа година беше дел од активностите и заедно со неговите партнери организираше два настана. Првиот беше фудбалски натпревар со млади луѓе на возраст меѓу 14-18 години со различна социјална и етничка позадина. Спортскиот дух беше на високо ниво кај сите учесници, кои, исто така, формирааа и некои нови тимови за наредни натпревари и турнири. Всушност, имаше неколку тимови кои натпреваруваа меѓусебно на мини турнир, а и бидејќи и имаше тим од нивните професори, учениците, исто така, играа и против нив. Најдобриот тим доби мал подарок кој беше споделен помеѓу со сите учесници.
Како дел од фудбалската недела ВЦС организираше и форум театар, во кој една паралелка ученици од средно училиште како и некои волонтерите изведоа две различни сценарија кои вклучуваа дискриминација и национализам. Форум театарот им овозможува на сите да земат активна улога и дадат придонес со своето гледиште на работите. Пред нив поставивме ситуација на која можеби биле сведоци или биле дел од иста или слична, и сакавме да видиме како може да се смени текот на настаните и како тие можат да направат разлика со својот придонес. На овој настан присуствуваше и фотограф од ФАРЕ мрежата кој можеше да го проследи целиот настан и си замина со желбата да повторно работи со млади луѓе.

Неделата на #FootballPeople е подржана од многу клубови, вклучувајќи ги сите кубови од Лигата на Шампионите, во машка и женска конкуранеција, како и УЕФА Европа Лигата. Исто така е подржана и од многу од врвните фудбалски ѕвезди како Марко Верати, Иван Ракитиќ, Икер Касиљас и многу други. Македонскиот национален тим, исто така, го поддржа настанот со медиумска презентација од стадионот за време на натпреварот од Лигаta на нациите помеѓу Македонија и Лихтенштајн што се одигра на 13 октомври.
„Волонтерскиот Центар Скопје е особено горд и имаше задоволство да учествува на оваа седмица на активности и можноста да ги организира овие активности. Начин преку локална активност и иницијатива да може да се создаде глобална промена, како еден одличен пример да се влијае на свеста на луѓето за тоа што се случува околу нив. Поддржете ја неделата на активности, играјте фудбал и направете го светот подобар“, порачуваат од ВЦС.