И кучињата можат да уживаат во базен
Релаксација за сопствениците и забава за милениците. Ова е идејата на забавниот парк за кучиња „Ав-ав хепи дог“, кој се наоѓа во скопско Бардовци. Замислен е како е проект со кој ќе се обезбеди заштита на животните преку времено вдомување и нега на бездомните кучиња, а во исто време како дневна градинка и хотел за миленици и кафетерија за релаксација на сопствениците, преку кои ќе се обезбедат основните приходи за грижа за бездомните кучиња.
Во рамките на забавниот парк има и продавница со додатоци и храна за домашните миленици и заеднички простор за игра и забава на милениците во паркот со различни препреки, базени и зеленило.
Со овој проект, сопственичките Наде Богоевска и Михаела Поповиќ очекуваат да се влијае на намалување на бројката на незгрижени бездомни животни и да се воведе европски стандарди во решавањето на овој сериозен проблем.