Затвореник од Идризово починал на Клиниката за гастроентерохепатологија
Осуденик во Казнено-поправната установа Идризово А.К. (37) од Скопје починал вчера на Клиниката за гастроентерохепатологија.
МВР информира дека тој претходно бил хозпитализиран на таа Клиника.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.