За да не заврши во затвор: Шакира плати 20 милиони евра данок
Шпанија- Супер ѕвездата Шакира им исплати на даночните власти на Шпанија над 20 милиони евра, бидејќи таа не плаќа даноци таму и покрај нејзиниот престој помеѓу 2011 и 2014 година.
Каталонскиот весник “Ел Периодико” соопшти дека колумбиската пејачка, која добила бројни награди, ги исплатила парите “за решавање на дел од обврските, побарани од страна на даночните власти на Шпанија”.
Фискалните органи поднесоа официјална жалба до обвинителите во Барселона, со која ја обвинуваат пејачката дека не плаќа даноци, што доведе до започнување на истрага, изјави за АФП портпаролот на обвинителството Хозе Мигел -Компани.
Формалната жалба го покрива периодот од 2012 до 2014 година, бидејќи истекол периодот за гонење на наводните даночни прекршоци во 2011 година.
Поради бракот од 2011 година со Жерар Пике од “Барселона”, со кого имаат два сина, 41-годишната ѕвезда се пресели официјално во каталонскиот град во 2015 година. Дотогаш, таа беше на Бахамите.
Но, “ова не одговара на реалноста, бидејќи децата учат во Барселона и нејзиниот партнер е тука”, рече Компани, додавајќи дека обвинителите во јуни ќе одлучат дали да го продолжат случајот.
Во меѓувреме, претставниците на Шакира изјавија дека до 2014 година таа има корист најмногу од своите пари на меѓународни турнеи и не живеела повеќе од шест месеци во Шпанија – предуслов да биде во категоријата на даночни обврзници официјално како жител во земјата.
Со комбинацијата од латински и арапски ритми и со влијание на рокот Шакира е една од најголемите ѕвезди од Латинска Америка и има светски хитови со песни како “Hips Do not Lie” и “Whenever, Anywhere”. Таа има продадено над 60 милиони снимки.