Еден мртов, тројца повредени во лавината на Алпите


Еден од четворицата скијачи повредени во лавината во швајцарското скијалиште Кран-Монтана му подлегна на повредите, соопшти полицијата.
Потрагата која траеше цела ноќ по останати можни затрупани, беше прекината утрово.
„Лицето кое беше тешко повредено умре синоќа во болница. Се работи за Французин стар 34 години“, напиша полицијата на кантонот Вале преку твитер.
Лавината се одронила во секторот на Плен-Морт, зафаќајќи површина во должина од околу 840 метри и во широчина од 100 метри.
нема други заглавени во неа, како што претходно се мислеше.
Во акцијата за потрага по затрупаните скијачи учествуваат над 240 лица и осум хеликоптери.
Според локалните власти, лавината се одронила поради растот на температурата на воздухот во текот на минатата недела, што предизвикало забрзано топење на снегот.