Гуаидо наскоро се враќа во Венецуела и почнува нови протести


Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо вети дека наскоро ќе се врати во Венецуела за да почне нови протести против претседателот Николас Мадуро.

Гуаидо оваа порака ја испрати од Колумбија, по состанокот со регионални дипломати и американскиот потпретседател Мајк Пенс.

Тој рече дека наредните денови ќе го објави датумот кога ќе се врати, као и акциите со цел добивање поддршка меѓу венецуелските воени и државни функционери.

Повеќе од 50 земји во светот до сега го признаа Гуаидo како привремен претседател на Венецуела.