Војвотка на модата: Меган Маркл има најбаран стил на Гугл
САД- Меган Маркл (37), војвотката од Сасекс има најбаран стил на Гугл за 2018 година. Ја фалат, ја кудат, го почитува или го крши кралскиот протокол, дома, во странство, на гала настани, на патувања, и ги наоѓаат модните фалинки, членовите на нејзиниот кабинет даваат масовни оставки, а таа, самоуверена, под рака го држи принцот Хари, најблиска е на кралицата Елизабета Втора, и се подготвува за првата принова напролет.
Ангел и ѓавол, модна икона или успешен плагијатор на стиловите на Кејт Мидлтон и принцезата Дајана, јавноста е во дилема. Новата 2019 ќе покаже.