Во ерата на движењето #MeToo: Што има во торбичката за подароци за номинираните за „Оскар 2018“?


 

САД – Номинираните за „Оскар 2018“ никогаш не се губитници. Иако некои од нив нема да ја однесат златната статуетка во својот дом, не само што нивната изведба достигнала гледаност насекаде низ светот, туку добиваат и еден тон утешни награди.

Оваа година номинираните, вклучувајќи ги и Мерил Стрип, Марго Роби и Алисон Џени, добија огромен број првокласни подароци, меѓу кои третман за лице со 24-каратно злато, патување од 12 ноќи во Танзанија за да го видат светот и дијамантски накит како додаток на гламурот. Но, и во неофицијалната торбичка со подароци и во официјалната од црвениот тепих, тие добија и спреј солзавец и други производи за самоодбрана, како поддршка за движењето #MeToo, кое се лансираше во октомври откако беше разоткриен озлогласениот продуцент Харви Вајнстин.

Од компанијата за безбедносни системи „Сејбр“ изјавија на прес-конференција дека на овој начин ги охрабруваат номинираните за „Оскар 2018“ во движењето #MeToo, со тоа што им даваат 5 производи, вклучувајќи солзавец како приврзок на клучеви, гел солзавец, два вида лични аларми, апаратче за тестирање пијалаци со кое може да се уверите дека немате дрога во пијалакот.


Има и други производи на истата тема. „Несанкционираната“ оскаровска торбичка со подароци (несанкционирана поради тужбата), која е вредна најмалку 100 илјади долари, им беше поделена на 26 ѕвезди и режисери годинава, а во неа има мал спреј солзавец за самоодбрана од брендот „Пеперфејс“.
Верувале или не, солзавецот бил дел од листата на подароци и порано. Во 2014 година, кога торбичките со подароци чинеа „само“ 80 илјади долари, во нив имаше мали розови солзавци вредни 120 долари. Сепак, ова е првпат за спрејот да се одржува посебна прес-конференција во која се вели дека причината е охрабрување на жените и барање одговорност од Вајнстин.


Секако, многу од холивудските главни дами беа меѓу тие што го обвинија Вајнстин. Тоа ги отвори вратите и други женски и машки актери да ги споделат и своите искуства.
Деведесеттите награди на Академијата ќе се одржат во „Долби театарот“ в недела, а церемонијата ќе се пренесува во живо низ целиот свет преку Еј-би-си“.