ВМРО-ДПМНЕ: Николовски да не ги замајува земјоделците


Министерот Љупчо Николовски во две реченици се демантира самиот себе. Прво вели дека штетите не се големи, а веќе понатаму дека комисиите се уште не ја утврдиле штетата. Тоа значи  дека комисиите нема да работат според теренскиот увид и реална проценка туку по негов налог, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Повторно Николовски лицемерно вели дека се грижи за земјоделците, а во исто време ја укинува ставката за помош на земјоделците за осигурување во измената на програмата за земјоделство и рурален развој, од милијарда и сто милиони на илјада денари и со тоа директно учествуваше во спречување на земјоделците да ги осигурат своите насади и посеви. Претходната влада со тие средства покриваше 60% од трошоците за осигурување. Зборува за систем на градобијна заштита, а заборавил или бил премногу млад за да знае дека истиот систем го уништија неговите постари колеги од СДСМ во време на нивното владеење. Господине министре не ги замајувајте земјоделците одговорете на прашањето дали е точно дека до сега е увезено шест и пол илјади тона бостан, а извезено само две и пол илјади тона и со тоа директно е влијанието на ниската откупна цена“, се наведува во соопштението.