(ВИДЕО) Харадинај нападна старица за време на службен настан


Рамуш Харадинај нападна старица додека таа говореше на говорница во врска со одбележувањето 140 години од Призренската лига.

Жената е правнука на Мехмет Дерала, кој се смета за позната историска фигура.

Додека таа говореше, Рамуш Харадинај ѝ се приближи и се обиде да ја отстрани од говорницата. Бидејќи не успеа во својата намера, Харадинај го повика неговото обезбедување.

Видеото од настанот се споделува на социјалните мрежи и на албанските медиуми: