(Видео) Траволта и Њутн-Џон танцуваа на 40-от роденден на „Брилјантин“


САД–   Глумците Џон Траволта (64) и Оливија Њутн Џон (69) го прославија 40-тиот роденден на познатиот мјузикл „Брилијантин“, во кој ги играа главните улоги. На проекцијата присуствувал и режисерот на филмот, Рендал Клајсер. Двојката може и да не изгледа како во младоста, но тоа не ги спречи да покажат по некој потег од филмот кој ги направи славни и да потанцуваат.

По неговата премиера во 1978 година, „Брилијантин“ стана еден од најпродаваните филмови на сите времиња. Само 28 милиони албуми биле продадени од саундтракот.

Продукцијата го претвори Џон Траволта во светска ѕвезда и ги зголеми повеќекратно навивачите на Оливија Њутн-Џон, која до овој момент е позната главно како кантри и поп пејачка.