(ВИДЕО) Силно невреме во Словенија: На паркинг пред супермаркет уништени сите автомобили


Силно невреме ги зафати вчера Словенија и источна Хрватска. А од видеата објавени на социјалните мрежи изгледа дека најтешко помина словенечкиот град Чрномељ во близина на границата со Хрватска, каде што од една видеоснимка се гледа дека на голем паркинг пред супермаркет уништени се речиси сите возила.

УХМР за денеска најави невреме проследено со град и кај нас, па останува да надеваме дека интензитет на врнежите ќе биде значително послаб.

На Фејсбук се споделуваа фотографии и снимки на кои можеше да се види како на автомобилите со словенечки регистарски таблички целосно им се искршени прозорците, фаровите…

Словенија ја зафати невреме со град, невидено досега. Градот со големина на тениски топчиња уништуваше сѐ пред себе.

Риека и околината се погодени од невреме проследено со град и силен ветер. На повеќе места има и поплави.