Велешанец го повредил соседот со нож


Триесетгодишен маж синоќа во Велес со нож прободел свој сограѓанин во ходник во станбена зграда, при што му нанел повреди во пределот на градниот кош.

Во СВР – Велес вчера околу 22:05 часот било пријавено дека во ходникот во станбената зграда на ул. „Васил Главинов“ во Велес З.А. (30) од Велес со нож го прободел П.Н. (36).

Повредениот бил пренесен во Медицински центар Велес и по укажаната лекарска помош бил препратен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

З.А. бил приведен и задржан во СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.