Принцот Алберт и Шарлин: Божикна честитка од Монако
Монако– Новогодишната семејна идила на кралското семејство е отсликана на божикната честитка за 2019. Покрај раскошна елка позираат принцот Алберт, со сопругата Шарли, близнаците Жак и Габриела кои имаат по четири години и домашниот миленик.
Белата и црвената боја доминираат во гардеробата која е покласична за родителите, а поспортска за синот.
Подароците се спакувани под елката, желбите не се откриваат и се чека Дедо Мраз.
Претходно и кралското семејство од Англија се пофали со божикни честитки, ама во есенски амбиент.