Бидете елегантна, привлечна и со самодоверба како Ева Мендез: Нова специјална колекција мириси од „Авон“
По успешното лансирање на двојниот мирис „Eve Duet“ кој може да се меша и со тоа да создава безброј мирисни комбинации, компанијата „Авон“ продолжува да ја прославува повеќеслојноста и мултидимензионалноста на жената преку лансирање на колекцијата „Eve Discovery“. Таа претставува уметничка колекција од индивидуални мириси креирани од неколкумина од најдобрите парфимеристи во светот. Со новата мирисна колекција, жената има шанса да ги усогласи и засили нејзините специјални моменти и да ја искаже својата личност и особеност во секоја прилика.
Холивудската актерка, Ева Мендез ќе биде лицето и на колекцијата Eve, која следи по успешното лансирање на кампањата за парфемот Eve Duet.
“Прекрасно е да имате колекција од уметнички креирани мириси кои може да го направат секој момент посебен, но и можат да ги засилат нашите чувства во било која прилика. Оваа колекција од три мириси ми дава можност да избирам и да покажам каква сакам да бидам, без оглед дали сакам да покажам елеганција (Elegance), самодоверба (Confidence) или привлечност (Allure), што е совршен пристап кој одговара за многу прилики,” вели Ева.