Бачев: Ова е света борба за секој Македонец


Кризниот штаб кој настапува под слоганот „Македонија бојкотира“ денеска имаше средби со граѓаните на Делчево и Македонска Каменица. Како што истакна Јанко Бачев, претставник на кризниот штаб против референдумот, целта на денешната средба со граѓаните од овие две општини е да се пренесе пораката за неизлегување на претстојниот референдум.

– Мора да ја спречиме намерата да биде избришано се што е македонско, бидејки ова сега не е битка за лидери, за индивидуалци, за партии, не е битка за власт, туку сега ова е битка за Македонија и за Македонците, за опстанок на цел еден народ, рече Бачев.

Во оваа битка како што порача Бачев од Делчево, Македонија мора да победи.

– Едноставно во оваа битка мора да успееме, бидејки на оваа генерација Македонци во името на претходните никој не ни дава за право да го смениме името, да го уништиме јазикот и културата. Затоа верувам дека на 30 септември нема да излеземе на референдумот со тоа што ќе победиме во оваа света борба за секој Македонец, порача Бачев од Делчево.

Освен во Делчево и Македонска Каменица, кризниот штаб против рефрендумот имаше средби и со граѓаните на Виница и Кочани.