Алкохолот причина за вандалско однесување на кичевец во угостителски објект


Приведен кичевчанец кој ноќеска по полноќ го нарушил јавниот ред и мир во угостителски објект во селото Трапчин Дол.

-Денеска во утринските часови односно во еден часот и 40 минути, во угостителски објект во кичевското село Трапчин Дол, нарушен е јавниот ред и мир. Во видно алкохолизирана состојба,, Б.З. 31-годишен од Кичево започнал да упатува вербални закани и навреди кон персоналот во угостителскиот објект по што, започнал да крши дел од инвентарот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски и додде дека Б.З. е приведен по што, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.