Албански клуч на успехот: Македонија и Косово расадник на светски поп-ѕвезди


Крајниот југ на поранешна Југославија е колепка на најголемите поп-ѕвезди во светот: Рита Ора и Дуа Липа, прва пејачка во историјата на наградите „Брит“ со пет номинации, цврсто се врзани за Косово, додека Бебе Реџа на македонското ѝ на албанското потекло, ја потсетуваат родителите кои сакале да ја омажат на 16 години.

Рита Ора

Рита Сахатчиу Ора (27) е родена во Приштина. Била бебе кога бегајќи од војната родителите се преселиле во Лондон каде што Рита ќе се прослави како пејачка, актерка, судија во натпревари за музички таленти, ТВ-водителка и манекенка. На музичката сцена дебитира во 2012 година со албумот „Ора“ и веднаш се искачи на врвот на музичките топ-листи кога музичката кариера почнува да ѝ ја води американскиот могул Џеј Зи. Пред да глуми во второто и третото продолжение на „Педесет нијанси сиво“, ја посетувала актерката школа на Силвија Јанг. Во соработката со „Адидас“ се обиде и како дизајнерка. Сестраната Рита, Косово во 2015 ја прогласи за почесен амбасадор, а неодамна во Приштина пееше на годишнината од независноста.

Дуа Липа

Дуа Липа (22), која растела во Приштина, а името на албански значи љубов, на годинешното доделување на наградите „Брит“ во Лондон, е фаворит со 5 номинации, една повеќе од Ед Ширан. Родена е во Лондон. Во основното училиште учела виолончело. Кога имала 13 години, нејзиниот татко, рок-музичарот Дукаѓињ, одлучил со семејството да се врати на Косово. Но таа, сепак, на 15 години се враќа во Лондон каде што работи како келнерка во ресторани и ноќни клубови. Своите оригинални песни ги промовирала 2012 година на интернет каде што ја забележале менаџерите. Не зажалиле. Со песната „New Rules“ минатото лето беше прва на британската топ-листа. Нејзините успеси го развеселиле претседателот на Косово, Хашим Тачи, па ѝ додели орден за посебни заслуги во културата. Липа, моментно е во врска со Пол Клејн, фронтменот на американскиот рок-бенд „Lany“.

Блета Бебе Реџа

И албанско-македонската дијаспора во Америка има силен адут на светската музичка сцена. Родената њујорчанка Блета Бебе Реџа (28), е ќерка на албански имигрант од Дебар во САД и на Американка со потекло од Гостивар. Уште како тинејџерка победила на натпревар на млади текстописци под спонзорство на „Греми“, што ја насочило кон естрадната професија. Се прославила кога почнала да пишува песни за други изведувачи. Коавторка  е на хитот „Monster“, кој во 2013 година го испеа дуетот Ријана и Еминем. Соработувала со Ники Минаж, Давид Гета, Иги Азалеја, Ник Јонас, Питбул и Селена Гомез. Во 2016 одржа концерт во Тирана со што покажа дека е горда на своите корени. Желба ѝ е да основа дискографска куќа за да им помогне на младите таленти да успеат како неа.

Но сонот на нејзините родители бил да ја омажат што поскоро. На 16 години ѝ донеле маж, исто така Албанец, ама свршувачката не успеала.

– Иако тие сметаа дека тоа е нормално, јас не сакав да одам по тој пат. Се борев за она што го сакав, музичка кариера, и успеав – вели Реџа.