„Звукот на идната генерација“ – концерт на Филхармонија
Филхармонијата вечер од 20 часот ќе одржи симфониски концерт „Звукот на идната генерација“ под диригентство на Борјан Цанев, на кој како солисти ќе настапат талентирани студенти од државните факултети за музика во земјава, избрани на аудиција.
На програмата се дела од Меркаданте, Бојаџиев, Рахмањинов, Крусел и Брамс. Ќе настапат студентите: Јана Каевска – флејта (проф. м-р Страшо Темков), Стефан Илиев – труба (проф. м-р Васо Ристов), Иван Трајковски – пијано (проф. д-р Марија Ѓошевска), Ангел Селим – кларинет (проф. м-р Стојан Димов) и Ева Богоевска – виолина (проф.м-р Олег Кондратенко).
Во текот на јуни, Филхармонијата ќе одржи уште два концерта, и тоа во Градскиот парк, под заеднички наслов „Филхармонија на отворено“