Звршија субвенциите за велосипеди во Скопје
Јавниот повик за субвенционирање на купувањето велосипед за оваа година е затворен бидејќи се исцрпени предвидените финансиски средства, информираат од Град Скопје. Со тоа, барања за субвенции за велосипеди од утре, 28 мај, нема да се примаат.
Како што информираат од Град Скопје, на јавниот повик досега се пристигнати 3.472 барања од граѓаните за субвенционирање на купувањето велосипед.
Затворањето на повикот е во согласност со член 4, став 4, од Правилникот за користење финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди за оваа година.