Зошто во авион смееме да носиме течности само во пакувања од 100 милилитри?
Ограничувањето на течностите што можете да ги внесете во авион беше воведено во 2006 година, откако британската полиција откри терористички заговор кој вклучуваше активирање течни експлозиви.
Регулативата која дозволува внесување на само 100 мл течности, гелови и аеросоли беше воведена во 2006 година, откако британската полиција откри терористички заговор за активирање течен експлозив во седум патнички авиони кои патуваа од ОК за САД и Канада.
Наводно, Британецот од Бирмингем, Ахмед Али, посредувал во врската меѓу заговорниците и Ал Каеда. Полицијата во неговиот багаж пронашла безалкохолен пијалок во прав, Танг, и голем број батерии, што предизвикало тревога кај надлежните.
Подоцна беше откриено дека виновниците конструирале уреди слични на бомба од шишиња со пијалоци, кои потоа планирале да ги активираат во авионот.
Набргу потоа, беше воведено ограничување на течностите за рачен багаж, со неколку исклучоци како што е храната за бебиња, која патниците мораа да ја вкусат пред да ја однесат во авионот.
После тоа, извесен период имаше целосна забрана за внесување течности во авионот, но подоцна беше поставена граница од 100 мл на дозволената количина течност.
Ограничувањето на течностите беше воведено токму затоа што е тешка задача да се испитаат течностите и да се утврди дали тие се закана.
Сепак, постојат многу отстапки за оваа граница, кои вклучуваат лекови на рецепт, течности за одржување на животот и формула за доенчиња.
Исто така, се развиваат нови технологии за попрецизно прегледување на течностите на аеродромите и за справување со ограничувањата.