Зоран Милановиќ ставен на украинска црна листа


Украинската интернет-база на податоци „Миртворец“ (Миротворец), која ги објавува имињата и адресите на лицата кои ги смета за непријатели на Украина, го стави на својата „црна листа“ лутиот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ.

Причина се неодамнешните изјави на Милановиќ дека за Украина нема место во НАТО и дека ЕУ поттикнала „државен удар“ во Украина во 2014 година, со што беше соборен прорускиот претседател Виктор Јанукович.Украинското Министерство за надворешни работи ја повика хрватската амбасадорка во Киев, Аница Џамиќ, да протестира против изјавите на претседателот, што пак наиде на позитивен одговор во Русија.

„Миротворец“, исто така, ја цитираше забелешката на претседателот Милановиќ  на прашањето како Хрватска ќе реагира на ситуацијата во Украина: „Ние немаме ништо со тоа. Украина не припаѓа на НАТО. Кога Украина ја смени својата влада, тоа беше недемократско движење, тоа беше државен удар во кој беа убиени 50 луѓе“, рече Милановиќ.

На црната листа се наоѓаат податоците за околу 4.500 западни, украински и руски новинари кои биле акредитирани од проруските сепаратистички власти во источна Украина, што било услов за работа на таа територија. Многумина од нив подоцна добија закани. Базата на податоци е основана во 2014 година. На неа заврши и основачот на музичката група Пинк Флојд, Роџер Волтерс, кој пред три години изјави дека Русија има повеќе права на Крим отколку Украина. Белоруската писателка Светлана Алексиевич, нобеловка и критичарка на Кремљ, исто така заврши на листата бидејќи спомена дека некои етнички Украинци им помогнале на нацистите да ги прогонуваат Евреите во Втората светска војна..

Олег Николенко, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина, минатиот вторник на Фејсбук напиша: „Се прашувам дали Зоран Милановиќ можеше да стане претседател на својата земја со таква реторика во 1990-тите кога Хрватска се бореше да ја зачува својата државност? Дали неговите гласачи би се согласиле да замижуваат пред окупацијата на делови од нивната земја? Се сомневам.”

Никоненко ја коментираше и изјавата на Милановиќ: „Крим никогаш повеќе нема да биде дел од Украина“. Русија еднострано го анектира Крим во 2014 година, а речиси сите членки на меѓународната заедница, вклучително и Хрватска, одбиваат да го признаат како руска територија.

Во средата, Милановиќ направи аналогии меѓу отцепените области на Украина и Косово, поранешна покраина Србија отцепена од Србија со западна воена поддршка.

„Реалноста е дека Русија се обидува да направи нешто со Украина и примерот на Косово е како трн во окото. Во одреден момент тие [Русија] ќе мора или да го признаат Косово или да се преправаат дека го признаваат за да го легализираат она што го прават во Украина. Тоа е реалноста“, рече Милановиќ.

Ова не е првпат Милановиќ јавно да зборува за Украина на свој специфичен начин. Поради оваа причина, централно-десничарската влада на Хрватска неколку пати се огради од неговите изјави бидејќи тие се во спротивност со официјалната политика на владата и премиерот Андреј Пленковиќ.

Неговата неодамнешна изјави „Го анектиравме Косово, ние и меѓународната заедница. Одземено е од Србија“, предизвика дополнително срам и протести од Косово,а го направија популарен во Белград.