„Златна палма“ за филмот „Паразит“ на Бонг Џон Ху


Филмот „Паразит“ на јужнокорејскиот режисер Бонг Џон Ху ја освои „Златната палма“ на Филмскиот фестивал во Кан. Гран-прито е за филмот „Атлантис“ на француско-сенегалската режисерка Мати Диоп.
Таа е првата жена од африканско потекло, која се најде во натпреварот на филмските остварувања во Кан.
Наградата за најдобар актер му припадна на Антонио Бандерас за улогата во филмот „Бол и слава“ на Педро Алмодовар, додека за најдобра актерка е прогласена Емили Бичем за улогата во филмот „Малиот Џо“.
Белгијците, браќата Жан-Пјер и Лук Дарден, ја освоија наградата за најдобра режија за филмот „Младиот Ахмед“.