„Живот поминат низ  премрежја…“ – промоција на книга на Емине Адеми на 8 Март


Емине Адеми (Охрид, 1934), истакната новинарка во пензија, која и на 88 години е многу активна на полето на образованието, медиумите, политиката и невладините организации, со 30-годишна кариера во Турската програма на радио Скопје, в среда (8 март) во Бизнис центарот на Халк банка, во 11 часот, ќе ја промовира книгата  „Живот поминат низ  премрежја – сеќавања од еден работен век“ (Mücadele ile Geçen Bir Hayat-Eğitim, Medya, Siyaset ve Dernek Çalışmalarımdan Hatıralar), во издание на Yeni Balkan.

Со турскиот претседател, Тургут Озал

Во книгата, Адеми зборува за своите заложби за промовирање на  турскиот јазик на многу полиња во своето време, како и за своите сеќавања во Турската програма на Радио Скопје, каде што беше директор повеќе од 30 години. Еден период беше и новинар во „Бирлик“, пратеник во македонското собрание во просветно-културниот совет, пратеник во Белград во југословенскиот парламент, генерален секретар на Црвениот крст и 8 години член на Претседателството на Црвениот крст на Југославија. Беше активна во социјалните институции-  претседател на Здружението за заштита на децата , и е еднаод членовите на Здружението „Пријателство“ . Заедно со  Теута Крашница-Чучкова беа и се потпретседателки на антиканцер здружението „Животна искра“,  чиј претседател е првата дама на македонската народна музика Виолета Томовска.  Со помош на Имер Селмани, тогашен министер за здравство, обезбедија финансиска поддршка за спроведување на кампања за информирање на јавноста за ракот.

Во книгата е поместен и албум од  радио спомени напишани од нејзините колеги во Турската програма на македонското радио , интервјуа од различни емисии …