Живи статуи низ центарот на Скопје
Интернационалниот фестивал за баскери и живи статуи „Статуафест“ и баскеркараванот ќе се одржува од 20 до 22 јуни со почеток од 18:30 часот во Скопје. На фестивалот свое учество ќе земат светски познати артисти, баскери и живи статуи од Шпанија, Германија, Украина, Венецуела, Хрватска, Србија и секако нашите професионални артисти од Северна Македонија.
За музичкиот дел се задолжени Тони Зен и диџеј Бугимен, како и „Онија Блузерите“.
Фестивалот ќе се одржува на плоштад Македонија и на улица Македонија која води од плоштадот кон Спомен куќата на Мајка Тереза.
Главен покровител на фестивалот е град Скопје. Организатор на фестивалот е здружението на граѓани ТИМ ТЕАТРОС К од Скопје.